Нов Блог на БЛОГЕРАЈ

ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ


Владата даде Предлог за  измени на Законот за работни односи кој ќе важи за сите административни работници.

Член 1

Почетокот на работното време работникот го одредува сам. Законската одредба пропишува да тоа не смее да биде пред 10 часот наутро.
Шефот е должен да гo пречекува секој работник на врата со слатко и вода.

Член 2

Надоместот за својата работа ја одредува работникот во договор со своите домашни.

Член 3

Пред почеток на работата на работниците се дава нешто за поткрепа:
- ладно пиво
- сендвичи
- вино
- коњак
- ореви и мед.
сето тоа на трошок на претпријатието.

Член 4

На работа е дозволено да се запее. Ако некој работник запее, останатите се должни да прекинат со работата и да се придружат на пеачот.

Член 5

Доколку некој работник заспие на работа, останатите работници се должни во тишина да го покријат и да ги напуштат работните места како не би му сметале, но за тоа имаат право на паричен надомест како да работеле.

Член 6

Во отсуство на шефот, работниците имаат право на организирање забава на товар на претпријатието.
Трошоците, како и евентуалните штети се покриваат од добивката на претпријатието.

Член 7

Паузата за доручек трае од 10:30 до 13:30, без право на било какво скратување или некористење.

Член 8

Ако во работното време трае реприза на некоја серија (нпр. “Кога лисјата паѓаат”, “Долина на волците”, “Бандини”, „Долина на сонцето“, „Ѓумуш“ или реприза на некоја емисија која работникот не ја гледал претходната вечер, претпријатието е должно да обезбеди ТВ приемник со минимална големина на екран 70 см, за да овозможи следење на истата со паричен надомест за работникот како да работел. Ако работникот ја следи емисијата и истовремено врши било каква друга работа (одговара на телефонски повик, подредува документи и сл.) надоместокот се удвојува.

Член 9

За смена на шефот потребна е петиција со потписи на 2 (два) работника или само еден посилен работник, кој може да дејствува без потпис.

Член 10

Во согласност со позитивните законски прописи, работникот може да го замоли шефот да ја доврши работата наместо него и да му биде на услуга (нпр. да му го додаде пивото од замрзнувачот – фирмата е обврзана да обезбеди замрзнувач кој не користи фреон, со најмала зафатнина од 8 литри по работник).

Член 11

Ако работникот од фирмата се жени (мажи), фирмата е должна да му (и) обезбеди чеиз со висина од една годишна просечна плата и ги превземе сите трошоци од момaчката/девојачката вечер, како и 85% од свадбените трошоци. Фирмата на тој ден престанува со работа на неколку дена (по желба на зетот / снајката)..

Член 12

Крајот на работното време е во 14:30. Работниците ја напуштаат работата пропратени со тактови од музика предвидена за овој настан. Шефот е должен да се заблагодари на секој посебно за работниот придонес со искрено ракување.

Член 13

Портирот е должен на секој работник пред излез од кругот на фирмата му ја прегледа торбата. Доколку не најде ништо, должен е работникот ВЕДНАШ да го врати во фирмата како овој би можел да земе нешто за себе. На постарите работници овие работи им се носат на домашна адреса со службено возило на претпријатието, под услов нивната тежина да е поголема од 2 кг.
Ако работникот не е способен да ја носи тежината наведена во претходниот пасус, треба за тоа да приложи лекарско уверение.

Член 14

Доколку работникот во текот на ноќта сонува за работата, фирмата е должна да плати надомест за ноќна работа, со двоен износ за хранарина секако без превоз.

Член 15

Покрај дневен печат, во вторник и петок работодавецот мора да обезбеди билтени од најмалку три кладилници, за непречено одвивање на кладењето и избор на најповолни коефициенти. Во случај работникот да го згрешил коефициентот или ливчето да му пропадне за една утакмица, Претпријатието е должно да му исплати апанажа од 20 % од вредноста на добивката, поради стрес и недоволна концентрација за опклада од работното место.

Член 16

Ако се примети дека вработен се однесува чудно (работи многу брзо, се оптоварува со работата и не ја користи паузата во целост, или годишниот одмор), треба веднаш да се пријави кај претпоставените и јавно да се укори пред сите вработени (за многу големи фирми, може да се обеси неговата слика во А4 формат на огласната табла, со натпис ШУГА). Истиот треба да биде игнориран се додека не се поправи.

ВИНОЖИТО


зедов крила и полетав кон небото,
зедов боја и ги обоив ѕвездите,
и со виножито напишав
ТЕ САКАМ!!!!!

vinozito so ptica-i love you

онака петочки


пиење обавезително…..

кршење чаши хммм ај може ( ама со усул)

сечење вени никако!!!!!!!!!!!!

YouTube Preview Image

Велики Четврток


Денес е Велики Четврток, ден кога се вапсаат првите велигденски јајца.

Православните верници го одбележуваат најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Јас морам да признаам дека секоја година ги правам сите обичаи и сакам да ги правам, за големите празници како Бадник, Божиќ, Велигден….

Е сега како мене ми почна денот……………

Како и секоја година, така и оваа година станав сабајле во 5:30 часот, (пред изгрејсонце) за да ги вапсам првите црвени Велигденски јајца.

Прво што направив каснав еден залак леб, така е обичајот, не смееш да вапсаш јајца со празен стомак зашто доколку вапсаш на празен стомак, таквите јајца не носеле радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен……морам да кажам дека во секој од нас длабоко во потсвеста постои некое суеверие.
Меѓутоа ќе речам…секогаш е најважна љубовта и добрата мисла како во сите други нешта што ги работиме така и во чинот на вапсување на јајца.

Откако ги вапсав јајцата, сварив кафе за мене и за мажот ми кое секое утро пред работа го пиеме заедно …ова утро го пиев сама бидејќи беше многу рано и тој спиеше.

Се чувствував прекрасно, полека го пиев кафето, пушев цигара и погледот ми беше вперен во корпата со јајца, чекав да се раздени ги чекав првите сончеви зраци да паднат врз вапцаните јајца за да можам со првото јајце моите домашни да ги поминам по лицето.

Се раздени, го допив кафето влегов во спалната, полека седнав на креветот до мажот ми и полека со јајцето го поминав по лицето кажувајќи тивко…црвено, бело, дебело, здраво…така три пати повторив, го бакнав и отидов кај децата во соба и со нив го направив истото.

Отидов во дневната, стана мажот ми и седна да си го испие кафето, а јас седнав до него задоволна за сите ритуали што ги направив сабајлето. Потоа се спремивме и заминавме на работа.

На сите верници среќни Велигденските празници

Христос Воскресе

veligdenski jajca

живот….


Го запрашав животот што е нему прастаро, ми одговори дека болката е прастара……..

Смртта е сурова, но животот е уште посуров :(

Tose Proeski – Igri Bez Granici

tose proeski & gianna nannini – aria

Јапонски за почетници


Vrijeme je da krenem = Odokuchi

Lijepo što ste svratili = Idikuchi

Odspavaj malo = Idikuchi Ubisowu

On se šali s vama = Ate Zayebawa

On ne može da ostavi cigarete = Nasugushi Kokopushi

On ne predstavlja pretnju = Neka Migaduwa

Mislim da smo se izgubili = Yao Kudasada

Trebalo bi kupiti krumpir i mljeveno meso = Yedemi Semusaka

Prijatno = Malodishi

On se toga plaši = Nemamuda

Svekrva = Wadidushu

Imamo ženu za direktora = Namadisha Imapitsu

Gatara = Chiribuchi Riba

On voli gledanje u karte = Ochegata

On ne vjeruje u vradžbine = Nechegata

japanci

Поучна приказна


Зашто луѓето викаат кога се лути?

Хиндуистички учител наишол на семејство каде што сите членови на семејството луто викале едни на други.
Учителот се насмевнал и ги прашал своите ученици:
Зашто луѓето викаат едни на други кога се лути?
Учениците размислувале некое време….
Еден рекол: Викаме затоа што го губиме својот мир.
Ама зашто треба да се вика кога другиот е до вас? прашал учителот.
Учениците дале уште неколку одговори, ама учителот со ниеден не бил задоволен.
Најпосле им објаснил:
Кога луѓето се лути, нивните срца многу се одалечуваат. Како би ја покриле таа одалеченост тие мора да викаат како би се слушнале. Што повеќе се лути, повеќе викаат.

Кога луѓето се сакаат не викаат едни на други, зборуваат нежно затоа што нивните срца се блиску. Разликата меѓу нив
не постои или е многу мала.
Хиндуистичкиот учител продолжил:
Кога се сакаат уште повеќе што се случува?
Шепотат и уште повеќе се доближуваат меѓу себе. На крај не треба ни да шепотат, само се гледаат.
Значи кога се карате, не допуштајте вашите срца да се одалечат, не кажувајте зборови меѓу себе кои уште повеќе ве
одалечуваат, затоа што ќе дојде ден кога одалеченоста ќе стане толку голема, што нема да можете да го најдете патот по кој би се вратиле назад.

Вака започнува среќен брак & Анекс


Во еден град брачен пар прославувал 25 годишнина од брак…. На далеку биле познати по тоа дека за 25 години не се скарале ни еден единствен пат.
Новински и телевизиски куќи пристигале од разни страни да проверат на лице место во што е тајната на успешниот брак.
Уредник на една новинска куќа го прашал мажот:
- Господине, кажете ни во што е тајната на вашиот складен брак? Просто е неверојатно да не сте се скарале ниеднаш со својата жена.
- Човекот се наведна напред и присеќавајќи се на деновите проведени на медениот месец, ја започнал приказната:

- Бевме во еден егзотичен град одма после венчавката каде беше многу забавно и убаво. После краток договор одлучивме да одиме на јавање. Го земавме секој својот коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше многу мирен и послушен, ама тој кој што го јаваше жена ми беше многу немирен. Наеднаш коњот клоцна и ја исфрли жена ми кој наглавушки падна на земја! Таа потполно мирна полека се исправи, го погали коњот по грбот и му проговори тивко:

- Ова ти е прв пат.

Пак се качи на коњот и продолжи со јавање. После кратко време коњот повторно клоцна и жена ми пак се најде на земја. Повторно достоинствено стана и со смирен глас рече:

- Ова ти е втор пат

Јас го посматрав тоа и й се дивев на смиреноста и сталоженоста на мојата жена

Кога коњот и по трет пат ја исфрли жена ми, таа смирено извади магнум од појасот и ладнокрвно го уби коњот на лице место!

Јас целиот запрепастен почнав да викам:

- Дали си ти нормална луда жено? Како можеше да го убиеш коњот!!

Жена ми смирено ме погледна и со благ тон ми рече:

- Ова ти е прв пат

- И тоа е тоа, од тогаш во се се сложуваме и живееме во складен брак, – заврши мажот со својата приказна

Анекс

Ovako_zapocinje_sretan_brak

Ко те има тај те нема


за љубителите на песните на Звонко Богдан
мојата омилена песна

Ко те има тај те нема

Не може се ухватити сенка
од живота што по Дунав тече
јел је живот и свјетло и тама
некад јутро а некада вечер
јел је живот и свјетло и тама
неком јутро а некоме вечер

ко те има тај те нема
ко те нема тај те сања
ко те сања тај те љуби
а ти отом појма немаш

Неки живе близу ал далеко
као камен не могу се мачи
и док се за руке држе стално
у мраку се немогу проначи
и док се за руке држе стално
у мраку се немогу дотачи

Ко те има тај те нема
ко те нема тај те сања
ко те сања тај те љуби
а ти о том појма немаш

ал дотакну се линије живота
двије судбине као је на крају
ил се дирну ил се не додирну
ал један за другог добро знају
ил се дирну ил се не додирну
ал један за другог добро знају

ко те има тај те нема
ко те нема тај те сања
ко те сања тај те љуби
а ти отом појма немаш

Zvonko Bogdan Tko Te Ima, Taj Te Nema

Лош ден


ај еве ви еден виц , зошо глеам дека скоро сите сте даун со новава платформа :) )

Седи Трпе тажен во кафана, а пред него стои пиво. Влегува Митко, го здогледува пивото и го испива. Трпе почнува да плаче, а Митко го прашува:
- Зошто плачеш, бе, Трпе, зарем за едно пиво?
- А бе, не е тоа… Денес цел ден ми е за никаде, ништо не ми оди од рака.
- Што се случило, кажи ми?
- Влегувам сабајле дома, а Трпана со друг во кревет. Попладне ми се јавуваат од фирма да ми кажат дека сум добил отказ. Трпана побегна со друг и ги собра сите пари од банка, па останав без скршен денар. Посакав да се убијам. Земам јаже да се обесам – се скина. Земам пиштол да се за застрелам – се закочи. Легнувам на шини, возот се расипал некаде пред Велес. Со последните пари купив отров и го сипав во пивото – кога, ти се појави и ми го испи.

наравопоучение?????